Рецепти

Пилешко со пармезан

Пилешко со пармезан

Состојки:
3 лаж. згмечени домати или исецкани свежи домати
2 парчиња свежо моцарела сирење
Сол и бибер
1 лаж. маслиново масло
2 лаж. вода
2 тенки парчиња пилешки гради или 1 големо парче без коски и кожа расечено на половината и отворено (да добие форма на пеперутка)

Упатство:

• Во Lékué садот за готвење на пареа ставете вода и потоа ставете ја решетката. Ставете ги пилешките гради на решетката. Попрскајте ги со маслиново масло, сол и бибер. Затворете го садот и гответе 3 минути на 800 W.
• Извадете го садот од печката, ставете ги доматите врз месото, а одозгора парчињата сирење. Ставете повторно сол и бибер.
• Затворете го садот и гответе уште 1 минута и 30 секунди на 800 W.

Совет:
• Ако немате згмечени домати, можете да употребите свежи, или пире од домати.
• Можете да додадете и други зачини, како босилек или оригано.

• По желба можете да ставите и презла врз сирењето.