Ентериер

Прекривка за било кое место и во било кое време

Текстилот има значајно место во дизајнот на ентериерот. Декорирањето со најразлични прекривки кои денес можеме да ги сретнеме во многу различни материјали, бои и текстури, е можеби еден од наједноставните начини на кои што можеме да постигнеме слика на топол, пријатен и оригинален дом.

Убаво одбрана прекривка како на пример оние кои ги произведуваат светски познатите брендови “Twils” и “Samoa”, можат да заземат исто онолку значајно место во просторот како и една софа. Она што е многу значајно е тоа што овие прекривки имаат двојна улога – декоративна и функционална. Навистина големо олеснување е кога на покривките не мораме да им навлекуваме чаршави, туку поради нивната лесна тежина и состав и покрај тоа што модерните стандарди налагаат многу поголеми димензии од порано, можат да се перат и во машина. Токму поради тоа врвните производители се стремат кон усовршување и олеснување на секојдневните функции кои што ги имаме дома.

Лежерно префрлени на столчиња, фотелји, софи, па дури и полу паднати на под, прекривките се нешто кое многу често го сретнуваме во каталозите и магазините, па затоа верувале или не, ваквата убаво одбрана декорација може да се најде буквално расфрлана низ домот, а притоа да изгледа стилски привлечна.

Она што уште веднаш можете да го направите е да одберете некоја од овие прекрасни прекривки во Карес, да се завиткате во нив и да ги уживате на начин каков што заслужуваат овие зимски денови.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =