Елегантна и функционална, термичката торба (или ранец) поседува највисоки перформанси за ладење на храна или пијалоци, но и што се однесува до водоотпорноста. Притоа, функционалноста е креирана без откажување од стилот и модерниот изглед. Изолацијата е гарантирана со помош на алуминиумската фолија која се наоѓа во внатрешноста на торбата, а дизајнот е таков што нема да дозволи било какво протекување на течност. Патенот е сокриен во вантрешноста, односно, прикриен е со челичниот дел за затворање на горниот дел од торбата, за подобар изглед. Технички е издржлив и лесно се чисти. Торбата има можност да се носи на рамо, или како ранец, а притоа е исклучително удобна во било која варијанта.
Димензии: 36 x 18 x в:25 cm, 13 l