Лесна алуминиумска количка за шопинг, со можност за преклопување, која содржи шест тркала за уште полесна употреба. Поседува футуристички дизајн и бои, кои заедно ја сочинуваат новата генерација на торби т.е. колички за пазарење. Едноставно, ќе имате помош при било каков вид на пренос или купување, особено во ситуации кога треба да ги искачувате скалите. Истовремено е перфектна за носење на личните предмети за на плажа, теретана и слично. Има голем капацитет, како и преграда од задната страна која е со патент.
Количката е претставник на новата генерација, со ултра модерен и технолошки напреден концепт, при што се употребуваат најиновативните материјали кои се на располагање. Едноставно, самите ќе се уверите колку лесно ќе го извлечете максимумот од овој производ!
Димензии: 485 x 385 x 1085 mm
Димензии на торбата: 360 x 190 x 630 mm
Тежина: 3,2 kg
Капацитет: 43 l