Дизајн

Радијатори со вистинско уметничко значење

Соработката на еден графички дизајнер и еден машински инженјер, придонесе за создавањето на оваа интересна линија на радиатори кои би биле одличен избор за секое урбано живеење.

Овие прекрасни дизајни кои што ги гледате на фотографиите се всушност македонско дело, креирано од страна на дизајнерката Јана Ацевска, а изработени од страна на тимот на компанијата ” Zavar “.

Целата идеја за овие необични и елегантни форми на радијатори потекнува од линијата на накитот на брендот “Kapka Jewelry“, зад чие име стои и самата дизајнерка. Овој бренд се стреми кон создавање на модни додатоци при комбинирање на најразлични материјали и пред се рачно изработени. Токму поради ваквиот пристап, линијата на накит наречена “Hubble Bubble”, со обостраната стручност ја претвориле во колекција на дизајнирани радијатори.

Во оваа колекција, како основа за сите дизајни се користат три различни форми, со различни димензии, кои навлегуваат една во друга со што го создаваат апстрактното уметничко дело. Материјалите на големите парчиња кои се дел од самите дизајни се изработени од челик, а пак најмалите се декоративни. Тие покрај тоа што можат да бидат изработени од челик, исто така можат да бидат и од дрво, бакар или месинг.

Сакајќи да се задржи и оригиналниот филигрански дизајн кој што се појавува во накитот, тука тој е трансформиран во вид на тенки цефки кои подоцна се префарбани во колоритни бои.

Тесната врска која ја имаат овие радијатори со самиот накит, нивната голема функционалност со изглед кој плени и причината дека тие се македонско дело е уште едно дело кое вреди да го имате во домот и од кое тешко би можеле да го тргнете погледот.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 1 =