Дизајн

Што значи “Intelligent Waste™” корпа за мудро управување со отпад?

Ви го претставуваме новиот производ на Joseph&Joseph, иновативната корпа за управување со отпад која е специјално креирана да се прилагоди на потребите на модерниот живот.

Totem е корпа која зафаќа исто толку простор колку и обичната, меѓутоа нуди многу повеќе функционалности.

Оваа корпа која одлично изгледа во секој простор, на иновативен начин ги решава секојдневните проблеми со управување на отпадот. Може да се искористи и за складирање на најразлични предмети, а за сите оние кои се грижат за природата им овозможува ефикасно сортирање на отпадот за полесно рециклирање.

Составена е од три посебни делови за сортирање на отпадот, а згора на тоа има и посебен дел каде што се става филтер кој ја неутрализира лошата миризба.
• Главен оддел – 36литри
• Мултифункционална фиока 14/24литри
• Отстранлива кутија – 4литри

Главен оддел – 36литри

И двете корпи –од 50литри и 60литри, имаат 36литарски оддел кој е доволно голем да ги задоволи потребите и на најголемите кујни. Внатрешниот дел кој може да се отстрани овозможува потполно зацврстување на кесите за отпадоци. Исто така има и отвори кои прават отстранувањето на полната кеса со отпадоци да е многу полесно за разлика од обичните канти.

Мултифункционална фиока 14/24литри

Најголемата иновација на Totem е фиоката, која што доаѓа заедно со отстранлива преграда која е идеална за раздвојување на различните видови отпадоци или складирање на предмети.

Отстранлива кутија – 4литри

Корпата вклучува и специјална 4литарска кутија која е идеална за складирање на остатоците од храна. Може да се стави во главниот оддел или во мултифункционалната фиока. Исто така оваа кутија изгледа доволно естетски за да се постави и на работната маса.

Повеќе информации за најпродаваната корпа за отпадоци во Велика Британија:

Во салонот на Карес: Градски ѕид, Блок 7, 1000 Скопје, Република Македонија; или на нашиот веб сајт.

joseph-joseph-totem-intelligent-waste-bin-1