Ентериер

Совршени кревети во комбинација со квалитетни теписи

Спалната соба е една од собите која заслужува да и се посвети повеќе внимание и да се уреди со стил, затоа што таа е изворот на одмор неопходен за нашата енергија.

Изборот за креветот кој е главен елемент и ја завзема централната позиција пред се треба да биде внимателно избран и се разбира квалитетен, а доколку покрај него го одберете и тепихот кој што најмногу ќе одговара, тогаш ќе го добиете совршениот изглед на една спална соба.

Дизајнот на креветот одберете го според големината на собата, според тоа дали сакате помек или поцврст душек, а потпирачот одберете го според тоа дали читате навечер, ако имате таква навика да го правите тоа, тогаш одберете потпирач со дополнителни перници. Поставеноста на креветот одберете ја според функциите кои што ги извршувате во собата. Доколку сакате да имате дополнителна фотелја или табуретка тогаш одставете малку повеќе простор од едната страна.

Теписите одберете ги според веќе избраниот дизајн на креветот. Доколку креветот е еднобоен, одберете тепих во повеќе бои но со слични нијанси, а доколку пак креветот е минималистички и во потемни бои, одберете тепих со кожни или крзнени детали.

Кога се работи за големината на тепихот изборот е целосно препуштен на вас и тука нема некои одредени правила. Големината зависи од тоа дали сакате да оставите повеќе т.н. голи површини каде што подот ќе се гледа или пак сакате што пкмалку да ги има. Во вториот случај, многу често се поставува и некој еднобоен тенок теписон одоздола, а  подоцна се додава помало парче тепих на  местата каде што повеќе се гледа.

Немојте да заборавите дека овие квалитетни кревети и теписи со навистина уникатни и најнови дизајни можете да ги најдете во просториите на Карес и истите да бидат дел и од вашата спална соба која што вреди да има совршен изглед.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − fourteen =