Ентериер

Столиците како расфрлани скулптури во домот

Водејќи се по едноставниот скандинавски пример каде што наспроти бело бојадисаните ѕидови, се нагласуваат разновидните парчиња мебел во друга боја, овој ентериер несрамежливо ги открива сите форми на столици како вистинска скулптурна декорација во домот.

Во трпезарискиот пак дел, кој делумно навлегува и во дневниот престој забележуваме една комбинација на столици кои што ја создаваат целата уникатност на овој простор. Тука изборот се сведува на четири бели столици со дрвени ногарки, а две се поразлични.

Ваквото акцентирање со столиците се појавува и во останатите две простории, спалната и детската соба. Нивната скулптуралност се нагласува преку бојата која што отскокнува за разлика од останатиот мебел и се разбира преку нивната поставеност.

Преку овој пример за интересно решение на еден станбен простор можеме да заклучиме дека изборот на столици е исклучително важен дел од уредувањето кој директно може да влијае врз дизајнот на ентериерот.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + 17 =