Ентериер

Уметничка галерија и дизајн центар со многу уникатен ентериер

Во центарот на Њујорк се наоѓа оваа интересна галерија во која ентериерот е подеднакво занимлив и за децата и за возрасните кои ќе поминат дел од своето време во него.

Минималистичкиот стил на оваа галерија е постигнат со паравани кои што имаат отвори во форма на дрва и низ мебелот кој што се користи. Уште еден интересен детал кој веднаш паѓа во очи се реалните долги стебла од дрва кои на средина го пресекуваат просторот и изгледаат како сеуште да продолжуваат надвор од кровот.

Боите кои што се користат во овој ентериер се белата и сивата како основа, а пак колоритни детали се појавуваат насекаде низ останатиот мебел.

Процепите на преградите изработени во форма на дводимензионални дрва, исто така служат како место низ кое што може да се поминува од една просторија во друга, а за децата пак претставуваат неисцрпно место за идеи и игри.

Едно вакво место, полно со шарм и уникатност ја постигнува целта за тоа како треба да изгледа еден креативен и инспиративен простор кој вреди да се посетува.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + 1 =