Да се следи само ова упатство!

  1. Отворете го гуменото капаче со едноставно повлекување на задниот дел на дифузерот. Наполнете го резервоарот со течноста за хидратација на лице (Hydrating Face Mist) во предвидениот дел.
  • Повлечете го надоле капачето на дифузерот на предната страна.

Кога ќе светне LED светлото сино, апаратот е вклучен. Самиот автоматски се исклучува после 30 секунди користење.

  • Дифузерот се препорачува да се користи неколку пати во денот.
  • Дифузерот доаѓа со вклучен USB микро кабел за полнење. Вметнете го во долниот дел на дифузерот и поврзете го со лаптоп, компјутер или со адаптер за во струја. Кога се полни LED светлото ќе свети црвено. Кога ќе се наполни, црвеното светло се гаси автоматски.
  • Се полни приближно 3 часа, а со едно целосно полнење може да го користите 150 пати.
    Battery: вклучена литиумска батерија 440 mAh.
    USB порт: Input DC5V 500mA
  • Да не се вметнуваат никакви други течности во дифузерот освен Hydrating Face Mist.
  • Да се чува подалеку од дофат на деца.

Одржување:

Исчистете го вашиот дифузер еднаш неделно со мешање на мала количина на вода и 1-2 капки медицински алкохол. Ставете ја течноста во резервоарот и вклучете го за користење се додека не се потроши течноста. Ова ќе помогне да исчезнат сите нечиститии насобрани во текот на користењето.

Да не се користат никакви абразивни или хемиски производи за чистење!