Рецепти

Вафли: Секојдневна храна со богата историја

Вафлите, кои се омилена храна на многумина, датираат уште од 13 век, а се популаризираат во 18 век кога ги фасцинираат американците како совршен избор за појадок. Првите вафли илегуваат како производ на новите рачни „тостери“ на еден европски занаетчија кој ги изработил плочите со карактеристичната текстура која потсетува на саке.
Тоа всушност биле две плочи во кои се ставала смеса направена од брашно и вода и со долгите метални рачки се држела над директен оган.
Она што ги прави вафлите поавтентични е тоа што во Европа стануваат толку познати што излегуваат во весник под денешното име „вафли“ во 1735 година, за 49 години подоцна Томас Џеферсон да го пренесе оригиналниот рецепт од Европа во Америка, рецепт за вафлите кои се препознатливи и денес.

Вафли со прелив од чоколадо и јагоди

ЗА 8 ЛИЦА

25 МИНУТИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
410 мл. млеко
240 гр. брашно
2 лажици шеќер
110 гр. путер
Топена чоколада
Половина лажичка сол

ПОТРЕБНИ АЛАТКИ:

УПАТСТВО ЗА КУГЛОВ:

1. Стопете го путерот и измешајте го со јајцата и млекото. Додадете брашно, 2 лажици шеќер, сол и прашок за пециво. Повторно добро промешајте со маталка, додека не добиете мазна смеса.

2. Истурете ја смесата во силиконските калапи за вафли и ставете ги во плех, во рерна. Печете на загреана рерна на 220ºC, за период од 8-9 минути.

3. Штом ги извадите од рерна, отстранете ги вафлите од калапите и повторно ставете ги во плехот (без модлите) да се печат уште 4-5 минути, додека да добијат златна нијанса на боја.

4. Истопете чоколадо и прекријте ја вафлата со истото. На крај декорирајте со јагоди.