Ентериер

Винтиџ теписи – најнов тренд кој освојува

Колку и да звучи контрадикторно, ова е вистинското време вашиот ентериер да го освежите со некој стилски излитен тепих.

Сигурно веќе сте забележале дека т.н. винтиџ стил е вистински тренд кој се почесто го пронаоѓаме во секој модерен ентериер. Ваквиот стил толку брзо ги освои сите љубители на дизајнот и стилски експерти, што веднаш стана вистинска атракција.

Најбрз и наједноставен начин преку кој што можете да го постигнете овој винтиџ ефект се секако теписите. Уметност послана на под во комбинација со едноставни форми на мебел: столчиња, софи, табуретки и комоди ќе го направат вашиот дом да изгледа стилски совршено и многу удобно.

Италијанскиот бренд “Sitap“, овој стил ни го пренесе на најдобар можен начин на нивните теписи кои сега се достапни и кај нас во Kares.

Изборот на теписи зависи од вашиот стил, намената и големината на просторијата за која е потребен, впечатокот кој сакате да го постигнете, но секако и од боите и формите на останатиот мебел во просторијата.

Тепихот во вашиот дом треба да биде со соодветни димензии, ниту преголем, ниту премал. Во зависност од вашите потреби можете да одберете тепих во правоаголна форма, овален, во округла форма или едноставно тепих-стаза.

За оние што не сакаат преголема смелост со ваквиот тип на излитени теписи, секако постојат и друг тип на модерни теписи кои исто така ќе ги пренесат модерните вибрации во ентериерот.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =