Virginia е кујна која го комбинира традиционалниот стил со иновацијата и најсовремените решенија. Таа е целосна мешавина на пријатно окружување со уникатни детали кои го прават еден мебел рафиниран и удобен за оние кои најголемиот дел од своето време го минуваат во тој простор. Употребата на дрвото и формата на вратичките поттикнуваат безвременска софистицираност, на која не и недостасува рустичната топлина. Сето тоа реинтепретирано во современ манир. Perla, Verde Salvia, Cipria и Jersey се пастелни нијанси кои се одбрани да ја красат кујната, а особено дрвата на вратичките. Подигнатите панели, цветните елементи и текстуралниот ефект на површината поттикнуваат неконвенционална атмосфера, со класична интерпретација.
Треба да се обрне внимание и на специфичните рачки кои можат да бидат во антички сребрен, графитен или изгребан финиш. Кујната е прилагодлива и нуди многу решенија, без разлика дали сте фокусирани на естетиката или организацијата на просторот. Секој модул е замислен да понуди колку што е можно поголем капацитет, а високите единици се создадени да содржат електрични апарати, со отворени елементи за предмети кои секојдневно се употребуваат. Кујната се смета за креативен продукт кој сублимира естетика, квалитет и практичност. Virginia ја има идеалната синтеза: нежни бои, луксузни материјали и напредни технологии.