Bivita – тегла за одгледување на никулци
2.314 ден
Bivita е тегла специјализирана за одгледување на никулци, со вградена вентилација и циркулација на воздух на основата кои овозможуваат совршени услови за подготовка и одгледување на никулци, во домашни услови.
1 на залиха
Bivita е тегла специјализирана за одгледување на никулци, со вградена вентилација и циркулација на воздух на основата кои овозможуваат совршени услови за подготовка и одгледување на никулци, во домашни услови. Изработена е од стакло и висококвалитетен нерѓосувачки челик, во комбинација со силикон и ABS пластика. Токму стаклото овозможува најдобри услови во однос на привлекување и изложеност на светлина која им е потребна на никулците за раст. Безбедна е за миење во машина за садови.
Со помош на теглата, за период од една недела ќе ги добиете првите резултати, односно ќе добиете никулци богати со витамини, минерали, растителни влакна и слично, кои ќе можете да ги консумирате како салати, за здрав и подобар живот. Повеќе информации за придобивките од никулците за здравјето, може да прочитате тука.
Постапката е следната: наполнете го стаклениот сад со вода, а потоа додадете ги семињата во истиот. Во зависност од семето, тоа треба да отстои од 1 до 12 часа во водата. Затворете го со капакот со мрежата т.е. цедалката од садот и процедете ја водата. Потоа семето исплакнете го 2 до 3 пати во денот со полнење со вода и празнење на теглата. Сега затворете ја теглата во која е останато само семето (остатокот на водата се цеди сам на дното), поставете ја на својата база и сместете ја на топло место, но не и на директна светлина. Повторувајте ја оваа постапка и веќе за една недела ќе го погледнете резултатот. (Внимание: растот на никулците може да варира од 4 до 10 дена, зависно од семето)
Повеќе информации може да погледнете на видеото кое ќе го најдете веднаш над галеријата со фотографии.
Димензија: Ø 13,0 cm, в: 18,8 cm
| Бренд | GEFU |
|---|
Достава: низ цела Македонија преку курирска служба, за 2–5 работни дена. Цена на доставата: 140 ден., се плаќа на курирот при прием.
Плаќање: во готово при достава, со платежна картичка директно на kares.mk (3D Secure) или со профактура.
Детален водич за нарачка: Упатство за нарачка
