1. Нарачка во писмена форма потпишана од купувачот:
Уредно прифатена нарачка се смета оваа за која е платено 50% од вредноста на нарачката, или е оставен
залог (капар) во 50% од вредноста на нарачката. Купувачот е должен да ги провери сите имиња, кодови, бои и
димензии на производите кои ги нарачува. Кога ќе ја потпише нарачката се смета дека ги проверил и разбрал сите
подробности за производите кој ги нарачал, како и условите за негова продажба.
2. Испорака на производи по примена нарачка:
Испораката се врши во рок од 40 до 60 дена од денот на уплата, во зависност од програмот, не сметајќи го
периодот од 1-ви август до 30-ти август (Agusto fera) и периодот од 20-ти декември до 6-ти јануари (Божиќни
празници). Како прв ден за уплата се смета понеделник, вторник и среда, а доколку нарачката се направи во четврток,
петок или сабота, како прв ден се смета понеделникот од следната недела. Карес Груп ја исклучува својата
одговорност од доцнење на стоките поради виша сила или други случаи, настани и околности што се предизвикани
независно од нашата волја, а што го отежнуваат или оневозможуваат исполнувањето на договор по нарачка, како и во
случај на застој при царинење. Доколку нарачката доцни подолго од 14 дена од предвиденото Карес Груп на име
пенал ќе плати не повеќе од 5% од вредноста на нарачката. Испораката се врши до местото што ќе го одреди клиентот,
во рамките на градот Скопје. За територијата на Р. Македонија за нарачки помали од 90.000,00 ден. се наплаќа 1500
ден за транспорт. За да се изврши испораката купувачот треба да го има претходно надмирено својот долг во целост.
Карес Груп за уредна испорака ќе смета кога стоката ќе се испорача пред влезната врата (надвор) на адреса
на купувачот, доколку за купените производи нема соодветно простор за манипулација, односно има тесни/ниски
ходници. Истиот начин на испорака ќе се случи ако купувачот/примачот доставата ja одолговлечи повеќе од 30
минути. На тимот за достава строго му е забрането да манипулира со производи кој не се купени од Карес Груп. За
овој случај Карес Груп се оградува од секоја одговорност за настаната штета.
3. Рекламации:
Доколку се воочи некаков недостаток на производот, треба да биде пријавен при примопредавањето на
стоката. Карес Груп треба да ја сервисира грешката во рок од 20 дена, а ако треба да се замени со нов дел од Италија
истото ќе го стори во рок од 60 дена. За секоја рекламација мора да се обезбеди, достави слика на нашата адреса:
[email protected] Гарантниот рок изнесува една година од примопредавањето на производите. Доколку на производот се
појават недостатоци кои не се настанати од механичко оштетување на производот, треба да се пријават и достави
слика на адреса: [email protected] Воедно треба да се пополни и документот 5-1 (рекламациски извештај), кој ќе биде
доставен на вашиот емаил. По потреба наша екипа ќе дојде на лице место. За рекламација не се признава
патинирањето на природните материјали. Имено кожата и дрвото со тек на време го менуваат тоналитетот на бојата.
Рекламацијата не се однесува на механичко или физичко оштетување на нарачаните производи сторено од
страна на купувачот или оштетување поради несоодветно користење, одржување на производите и сл.
4. Складирање на производите:
По известувањето дека производите се стигнати, купувачот е должен да ги доплати истите. По плаќањето
Карес Груп е должна во рок од 7 дена да ја испорача стоката. Доколку купувачот не сака производите да му се
испорачаат веднаш и сака да му се складираат, Карес Груп ќе ги складира само ако купецот ги исплати во целост
производите, но не повеќе од 60 дена, сметано од денот од кога истите се пристигнати. Во спротивно ако купувачот не
ги плати во целост производите во рок од 15 дена од известувањето дека тие се пристигнати ќе се смета дека тој се
откажал од купувањето на истите, со што Карес Груп ги става на продажба, а капарот го задржува на име пишманлак.
5. Откажување на нарачка:
По истекот на 3 дена од денот на попишување на нарачката, доколку купувачот истата ја откаже, капарот се
задржува на име пишманлак, согласно одредбите од членот 73 и 74 од Законот за облигации. По истекот на овој рок
промена на нарачката не е можна.
Карес Груп може поради променети околности да ја откаже примената нарачка во рок од 15 дена од добивање
на истата, без никаков надомест на штета заради ова откажување на купувачот.