Во оваа политика за приватност се наведени практикте за приватност и видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користење на веб-страната на Карес груп (www.kares.mk), како и некои од чекорите кои Карес груп ги презема за нивна заштита.

Карес груп ја препознава приватноста како важна и затоа обезбедува заштита на личните податоци на физичките лица осигуреници на Карес груп како и на сите вработени, добиени по било кој основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат при користење било кои услуги на Карес груп.

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-страната значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-страната. Оваа Политика за приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани локално и на веб-страни до кои се поставени врски на веб-страната.

Политиката за приватност на Карес груп се заснова врз Законот за заштита на лични податоци.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според објавениот датум.

Политика за заштита на лични податоци

Сите лични податоци под контрола на Карес груп добиени преку веб-страната се добиени доброволно, преку изречна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.

Личните податоци под контрола на Карес груп се користат само за намената за која се собрани, а ако има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со изречна дозвола од нивните сопственици.

Политика за приватност на Карес груп е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, согласно договор или закон со договор или закон.

Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-страната на Карес груп се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.

Пораки по е-пошта и коментари

Кога ја посетувате нашата веб страница и барате информации од делокругот на работењето на Карес груп, или пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на вашите индивидуални потреби и да ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. Ние ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за да не дојде до злоупотреба на Вашите лични податоци од страна на трети лица.

На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.