Готвењето е секогаш подобро кога користите практични алатки. Затоа, запознајте се со Vitaquick експрес лонецот од Fissler кој е специфичен по својот квалитет и безбедносните функции и стандарди имплементирани во садот со кој ќе може да готвите навистина брзо и безбедно, со заштеда на време и до 70%, а ќе постигнете и зачувување на што повеќе витамини во храната.
Најкарактеристично за овој сад е инкорпорираната и заштитена vitaquick® технологија која се базира врз индикатор кој ве информира дали капакот на експрес лонецот е правилно позициониран и затворен. Дополнително, садот е дизајниран со супер-термичка основа која овозможува брза и правилна дистрибуција на топлината, со минимизирање на коефициентот на загуби на топлина.
Карактеристики:
- Не’рѓосувачки челик 18/10
- Соодветни за индукциска подлога
- Отпорни на гребење
- Супертермичка технологија
- Направено во Германија
- Индикатор за висок притисок
- Систем за контрола на притисокот
- Рачка која се отстранува