Zwilling Sharpening steel – острач за ножеви
1.645 ден
Нема на залиха
Остар и добар нож е неопходна алатка за секој мајстор во кујната. Но, дури и најдобрите ножеви со тек на времето ја губат својата острина при што им е потребно соодветно одржување.
Со овој острач од од ZWILLING, долг 21 cm и изработен од високо карбонизиран и тврд хромиран челик со цврстина од околу 62 Rockwell единици ќе имате можност да ги наострите ножевите брзо, лесно и до совршенство.
Стабилната рачка изработена од цврста пластика овозможува ергономско управување со алатката, а отворот овозможува да ја закачите алатката во вашата кујна за брз пристап. Материјалот на изработка ја прави оваа алатка практично неуништлива при соодветно користење.
| Бренд | Zwilling |
|---|
Достава: низ цела Македонија преку курирска служба, за 2–5 работни дена. Цена на доставата: 140 ден., се плаќа на курирот при прием.
Плаќање: во готово при достава, со платежна картичка директно на kares.mk (3D Secure) или со профактура.
Детален водич за нарачка: Упатство за нарачка
