Програма за спиење

Стандарди за јоргани

Стандарди за јоргани

Во Македонија не постои јасен стандард за постеленина, оттука потрошувачи се збунети и не знаат кои стандард да го одберат.

Имено стандардот го наметнува фирмата од каде што ги увезува постелнининте. Оној што увезува од Турција има турски стандард, оној што увезува од Италија има италинаски стандард, а оној што купува од Икеа го има студентскиот стандард.

Секако онаму каде што сите грешат е тоа што димензијата на душекот ја поистоветуваат со димензијата на јорганот.

На пример: ако душекот е 180 х 200 см, чаршафот треба да биде со димензија 180 х 200см, а не јорганот.

Ако јорганот не е соодветно голем, спиењето на двајцата ќе биде неудобно, односно едниот секогаш ќе му го “краде“ јорганот на другиот.

Нашите стандарди кои сакаме да ги воспоставиме како стандард и кој сметаме дека се најсоодветни за удобно спиење се следниве:

за душек со димензии 180 х 200 см,  јорганот треба да биде со димензии 260 х 240 см

за душек со димензии 160 х 200 см, јорганот треба да биде со димензии 240 х 220 см

за единечен душек, колкав и да е, ширината на јорганот треба да биде 140 см

Вака димензионираните јоргани ќе придонесат и двајцата да се чувствуваат удобно и да има доволно јорган за секој од нив.

Покрај димензијата основна цел на јорганот е да обезбеди соодветна температура. За сонот да биде пријатен, јорганот не треба да биде претопол, ниту пак да не може соодветно да ве згрее. Затоа е многу важно да знаете во какви услови го користите јорганот.

Доколку вашата соба е изолирана и таа никогаш не оди под 22 °C, тогаш вас ви треба тенок, лесен јорган. За температура во соби од 18-22 °C ви треба среден јорган. Доколку температурата ви е по 18 °C во собата вас ви треба дебел јорган. Што подразбира ова?
1.

Јорганите можат да бидат синтетички и природни. Ние ги препорачуваме природните затоа што имаат подобри перформанси, но ако сте алегични на пердуви или друг материјал, тогаш ќе мора да купите синтетички.

2.

Во оваа смисла, лесен јорган за соби над 22 °C се смета јорган доколку е полн со пердуви или природен материјали како што е бамбус или волна, 90-200g/m2. За синтетичките полнежот е 100-150 g/m2.

3.

Средните јоргани се со полнења со природни материјали 180-220 g/m2, а за синтетичките 225-350 g/m2.

4.

За топлите јоргани каде што температурата се симнува по 18 °C, природните се со полненње 230-380 g/m2 ,а со синтетичките 300-500 g/m2.

Во секој случај природните материјали го прават јорганот полесен.
Единствен проблем кај нив е што постапката за одржување е малку покомплицирана во однос на синтетичките јоргани.
Наша препорака е доколку живеете во централно градско подрачје, имате добра изолација ил греење преку цела ноќ, е да не купувате дебели јоргани.