Квалитетниот и остар нож е основа за секој готвач. Но, за секој нож (и за најквалитетните) е потребно повремено острење.
Со TWIN Finishing Stone Pro од ZWILLING, при рака го имате вистинскиот помошник за острење на вашите ножеви. Овој острач за ножеви е наменет за ножеви кои сè уште имаат добра основна острина и треба само доработка на сечилото.
Каменот има две различни страни, за острење и измазнување.
Според јапонската скала JIS (Јапонски индустриски стандард), едната страна има гранулација од 3000, а другата 8000 единици, со што може да се гарантира добивање на апсолутна острина и мазно сечиво како огледало.