Природата честопати ја дава најдобрата инспирација, пример за тоа е фасцинантната колекција Levital®, инспирирана од „лотос ефектот“ на листовите на ова растение, што овозможува поздраво готвење со малку или без воопшто масло.
Нелепливите својства овозможуваат лесно чистење, а благодарение на својот облик и ергономската рачка, тавата е исклучително прилагодлива за сечија дланка.
Благодарение на Cookstar технологијата, оваа тава е адекватна за сите видови рингли, а воедно поради правилната дистрибуција на топлината и максималната спроводливост со минимален коефициент на загуби се заштедува и многу енергија.
Карактеристики:
- Алуминиумско тело
- Нелеплива основа
- За сите типови рингли
- Ергономска рачка со заштита од загревање
- Погодна за миење во машина за садови
- Садот НЕ е погоден за во рерна