Срце – Приврзок + гравирање
359 ден – 1.409 ден
Како и луѓето, секој миленик поседува свој карактер кој го разликува од другите, а токму неговиот карактер е тоа што го прави совршен за вас и поради што неизмерно го сакате. Оваа посебност треба да ја негувате и преку стилот на миленикот, преку додатоците кои ги користите да ги искажете неговите омилени предмети и да направите тој да се почувствува разгалено.
ШТО Е ПОСЕБНО? Кај овие приврзоци тоа е специјалната изработка и материјалот кои во комбинација со „машината за среќни миленичиња“ достапна во Kares On The Go овозможува на самиот приврзок, самостојно да изгравирате се по ваша желба само со еден клик.
Безразлика дали ќе ги изгравирате вашите лични податоци и телефонски број за безбедност на вашиот мал пријател или пак ќе изгравирате порака во кој ќе му кажете колку го сакате, вашиот миленик ќе биде најмодерен и најстилизиран во својата околина.
ДАЛИ Е САМО ЗА МИЛЕНИЦИ?
Приврзоците доаѓаат со стандардна метална алка што овозможува да ги прикачите и на клучеви, а можноста за гравирање ги прави совршен подарок и за луѓе.
ДАЛИ ПРИВРЗОКОТ ЌЕ МУ ПРЕЧИ НА МИЛЕНИКОТ?
Приврзоците се изработени од ултра-лесен и удобен материјал кој миленикот нема ниту да го почувстува како дополнителен атрибут на неговиот околувратник, но се и ултра-издржливи за да останат непроменети при секоја палавост на вашиот сакан пријател. Може да бидете дополнително сигурни дека приврзокот нема да му пречи на вашиот миленик, доколку го искомбинирате со околувратник од колекцијата Premium или Memo (паметна колекција која го заштитува вашиот миленик од губење).
КАКО СЕ ОДВИВА ПРОЦЕСОТ НА ГРАВИРАЊЕ?
Се работи за исклучително лена постапка со следните чекори:
1. Го избирате приврзокот кој најмногу ви се допаѓа;
2. Го внесувате во „машината за среќни миленичиња“;
3. На екранот на допир избирате што сакате да изгравирате (можностите се ограничени на текст и предефинирани икони);
4. Го внесувате текстот и ја подесувате големината, бројот на редови и стилот;
5. Проследувате кон гравирање (процесот е брз и автоматски, а се овива во застаклена средина каде може да направите одлични фотографии).
Бренд |
My family |
---|---|
Дезен |
Жолто срце (handmade) ,Златен (голем + светки) ,Круг (бел + циркони) ,Круг (златен + светки) ,Круг (розов + светки) ,Круг (црн + циркони) ,Розово срце (handmade) – мало ,Светло сино срце (handmade) ,Син круг – L (handmade) ,Сино срце (handmade) ,Срце со виолетова гума ,Срце со розова гума ,Срце со сина гума ,Срце со црна гума ,Црно срце (handmade) ,Црно срце (handmade) – мало ,Златен круг (црно срце) ,Круг (светло син + бело срце) ,Срце светло сина (големо) ,Срце сива (мало) ,Срце со сина гума (големо) |