Back to products
Essential Alba - очила за вид (овални) Original price was: 1.770 ден.Current price is: 885 ден.

Original Smartphone- очила за вид +1

1.390 ден

26 на залиха

Опис

Очила за вид кои ги поместуваат границите на конзервативното, монотоното, стандардното и здодевното. За секој кој се доживува себе си како урбан номад, кој е во постојано движење, кој стотици пати се соочил со проблеми кога треба да прочита важен извештај, сметка во продавница, порака на мобилните уреди, кој поминува огромен дел од денот пред компјутер… Знаете колку е незгодно кога ќе ги заборавите стандардните очила, кои не сте ги понеле бидејќи ви заземаат простор, или едноставно ви биле прегломазни за носење во моменот. Решението е во Original очилата – современи очила без рачки – модел Smartphone чија футрола се лепи за задната страна од мобилните уреди, преносливите компјутери или таблетите!

Минималистички и практични, овие очила без рачки ќе ве следат насекаде, каде и да одите, каква потреба да имате, а притоа речиси и нема да ги приметите! Очилата имаат рамка од поликарбонат, материјал кој е многу флексибилен и овозможува превиткување на истите, без тие да се скршат или да имаат било каква штета. Елементот кој служи како поддршка на носот е изработен од еластомер и е еднакво еластичен. Толку лесни и толку пријатни за носење!

Еден пар очила има тежина од 6 грама, што оди во прилог на тоа колку тие се минималистички, практични и компактни. Имаат прекрасна футрола која лесно се лепи за задната страна од мобилниот телефон, лап-топот или таблетот, со што ќе бидете 100% сигурни дека сте ги понеле, а нема ниту да ги забележите! Моделот има ултра рамна заштитна футрола (дебелина 8 mm), со 3М подвижно лепило. Иновативни, уникатни, урбани, за мажи и жени, млади и повозрасни, со голем избор на бои и 5 типови на диоптрија: +1, +1.5, +2, +2.5 и +3.

БЕЗ РАЧКИ

Токму ова е една од причините поради кои очилата се толку практични и лесни. Совршено се прилагодуваат на вашиот нос, кој пак е и тоа како „способен“ на себе да носи само 6 грама, без никаков проблем!

НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГИ ЗАБОРАВИТЕ!

Оптимална заштита и само 6 милиметри дебелина на очилата. Толку компактни, што воопшто нема да ги приметувате додека се на вас!

6 ГРАМА ГЕНИЈАЛНОСТ

Благодарение на високите перформанси на поликарбонатската рамка, очилата нудат комфор, со паралелна исклучителна издржливост.

ЛЕПЛИВА ЗАШТИТНА ФУТРОЛА

Футролата може да биде залепена за задната страна од вашиот мобилен телефон, преносливиот компјутер или таблетот. Така, никогаш нема да ги заборавите!

НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВАТЕ СО СТАНДАРДНИТЕ ОЧИЛА!

Огромна футрола

Лесно се кршат

Недостаток на стил

Често ги губите

Дополнителни информации
Бренд

Nooz Optics

Shipping & Delivery