Како и луѓето, секој миленик поседува свој карактер кој го разликува од другите, а токму неговиот карактер е тоа што го прави совршен за вас и поради што неизмерно го сакате. Оваа посебност треба да ја негувате и преку стилот на миленикот, преку додатоците кои ги користите да ги искажете неговите омилени предмети и да направите тој да се почувствува разгалено, но истовремено удобно и безбедно.
УДОБНОСТ:
Околувратниците MEMOPET се изработени од удобен и долготраен материјал кој при соодветно користење и одржување нема да предизвика заплеткување на влакната на миленикот под околувратникот и нема да предизвика создавање на непријатни ароми.
ЗАШТИТА:
Околувратниците се со интегриран чип на база на NFC технологија што овозможува дури и во случај на губење на миленикот било кој случаен минувач да може да ги преземе вашите податоци за миг само со допирање на мобилниот телефон до градникот и да го врати вашиот миленик повторно кај вас.