Како и луѓето, секој миленик поседува свој карактер кој го разликува од другите, а токму неговиот карактер е тоа што го прави совршен за вас и поради што неизмерно го сакате. Оваа посебност треба да ја негувате и преку стилот на миленикот, преку додатоците кои ги користите да ги искажете неговите омилени предмети и да направите тој да се почувствува разгалено.
ДАЛИ Е САМО ЗА МИЛЕНИЦИ?
Приврзоците доаѓаат со стандардна метална алка што овозможува да ги прикачите и на клучеви што ги прави совршен подарок и за луѓе.
ДАЛИ ПРИВРЗОКОТ ЌЕ МУ ПРЕЧИ НА МИЛЕНИКОТ?
Приврзоците се изработени од ултра-лесен и удобен материјал кој миленикот нема ниту да го почувстува како дополнителен атрибут на неговиот околувратник, но се и ултра-издржливи за да останат непроменети при секоја палавост на вашиот сакан пријател. Може да бидете дополнително сигурни дека приврзокот нема да му пречи на вашиот миленик, доколку го искомбинирате со околувратник од колекцијата Premium или Memo (паметна колекција која го заштитува вашиот миленик од губење).