Термосот Olympus овозможува 100% заштита од истекување на течноста – притиснете го копчето за да се напиете и притинете го повторно за да го заклучите. Изработен од вакумски изолиран ѕид од 18/8 нерѓосувачки метал и е BPA Free.
Ги одржува пијалоците топли до 10 часа и ладни до 20 часа.
Благодарение на Snapclean® технологијата, чистењето на шишето ви е олеснето: само притиснете и повлечете за да го отстраните внатрешниот механизам. Патем, капакот е безбеден за миење во машина за садови!
Висина: 20.2 см
Висина без капак: 18.2 см
Ø најширока точка: 7,1 см
ПРЕПОРАКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ:
Соодветно за чување на топли и ладни пијалоци.
Внимание: Пијалокот во кој сакате да уживате може да биде многу топол.
По полнењето на термосот со зовриена течност, оставете ја да се лани 3-5 минути пред да го затворите капачето. Во спротивно, ќе се јави притисок кој може да доведе до протекување и намалување на функционалноста на термосот.
Пред да се напиете, проверете дали капакот е целосно затворен и задолжително притиснете го копчето на кое е насликана шолја за пиење, со цел да се ослободи притисокот.
Доколку телото е дизајнирано, НЕ е наменето за во машина за садови.
Производот доаѓа со универзалниот Kambukka капак што одговара на секое Kambukka тело и се препорачува користење само на оргиналните делови.
Производот НЕ треба да се преполнува со течност, туку исполнетоста да биде до каде што завршува униформираната ширина.
Производот НЕ е наменет за во микробранова печка или замрзнувач.
При складирање производот чувајте го со отворен капак.
*Се препорачува следење на упатството од производителот.