Иновативна маска за дишење, наменета против загадување, полен и бактерии, со ненадмината удобност и уникатен дизајн.
Заборавете на белите хируршки маски, бидејќи сега постои SILVER MASK. Револуционерната маска против загадување е направена од 7 слоеви со сребрена прекривка, а доаѓа со активиран јаглерод со вентил за вдишување и издишување и заменлив филтер, во согласност со европскиот стандард FFP2 и N95. Silver маската ја почитува и европската регулатива EN 149:2001 + A1:2009, која се однесува на уредите за заштита со респираторните проблеми т.е. дишењето. Тука се вклучени изработката, условите и тестирањето на маската и нејзиниот филтер. Истовремено, треба да се напомене дека маската може да се пере.
Иновативната маска гарантира целосна заштита и ефикасност во филтрирањето на воздухот и заштита од загадувањето и честичките PM 2,5 и PM 10 кои се штетни по здравјето, потоа заштита од полен и прашина, вируси и бактерии. Затворената структура овозможува внатрешна вентилација, која го задржува воздухот свеж и чист. Благодарение на патентираниот изглед, тие се направени да бидат прилагодливи за сите лица т.е. за вас и за вашите деца. Сепак, поради големината на маските не ги препорачуваме за деца помали од 10 години.
Што се однесува до надворешниот дизајн, направена е така што ќе можете да носите очила за сонце или капи без никаков проблем. Филтерот треба да се замени на секои 6-8 недели, но сепак вистинското време за замена ќе зависи од интензитетот на употребата. Таа е дизајнирана и произведена во Италија.