Кујна, Хигиена

Хигиена во кујната: Цедачи за садови

Цедачите за садови се неизбежен елемент од секоја кујна. Иако, машините за миење садови кои во моментот се достапни имаат можност да понудат и комплетно сушење на садовите и приборот за јадење, не е реткост при помал обем на садови, да се измијат рачно, при што потребата за соодветен цедач повторно се појавува.

Цедачите на пазарот се најчесто достапни во иноксна и пластична варијанта, а доаѓаат во стандардни форми и големини и не се иновирани веќе долго време.

Токму поради тој застој во иновацијата кој може да се забележи на пазарот на овој производ се забележуваат бројни недостатоци, како мал капацитет, голема зафатнина во просторот,нефлексибилност при редењето на садови, фиксни отвори, неможност за исцедување на водата во моментот и најважното екстремно тешка достапност за одржување на хигиената.

Што се однесува до хигиената, цедачите кои ја задржуваат водата во садови кои мора виде да ги празните ви создаваат дополнителна обврска која доколку не се спроведе може да доведе до преполнување на садот за собирање и негово излевање и тоа додека сте надвор од домот. Понатаму, собраната вода доколку се задржи во садот неколку дена, садот ќе се налепи со бигор и неговото чистење ќе стане речиси невозможно. Водата ќе се контаминира со бактерии, ќе добие лигава конзистенција, а истовремено може да јави и лоша миризба.

Чистењето на овој тип цедачи најчесто треба да се спроведе со топла вода, сапун и интензивно триење, а зачестеноста на чистењето може да биде еднаш неделно, но отстранувањето на исцедокот мора да се спроведува дневно.

За разлика од стандардните производители на пазарот, застојот во иновирањето на цедачите за садови е прекинат од JosephJoseph. Имено, со големата палета на цедачи кои ја нудат, може да се пофалат со најдобрите карактеристики кои еден цедач за садови може да ги добие:

  • Отвор за исцедување на исцедокот
  • Флексибилни отвори за редење на садовите
  • Квалитетен, цврст и долготраен материјал на изработка
  • Дизајн кој се вклопува во сечија кујна
  • Намалена зафатнина, а поголем капацитет
  • Специјални карактеристики (флексибилност, растегливост, модуларност…)

Овие цедачи се мијат по потреба и тоа со вода и нежно средство, а за исцедокот од садовите повеќе не мора да се грижите затоа што се отстранува самостојно додека вие миете.