Честитки за вашиот нов производ од леано железоГусен сад 

Овој производ од леано железо е направен од чисто железо и затоа е обложен со тенок слој растително масло веднаш по производството. Оваа техника се применува со цел првично да се воспостави природна обвивка што ќе му обезбеди на производот одлични својства за готвење. Исто така го заштитува чистото леано железо од ‘рѓосување. Овој природен слој треба да се одржува во текот на целиот животен век на производот – прочитајте повеќе во пасусот „чистење и одржување“. Соодветната грижа на овој производ гарантира во долг период, одлична дистрибуција на топлина на самиот сад и перфектни својства за приготвување на храна.

 

Пред употребаГусен сад Holm

Пред да го користите производот од леано железо за прв пат, измијте го темелно во топла вода со мала количина на средство-детергент за миење садови. Погрижете се целосно да го исплакнете и исушите производот. Со хартиена крпа или мека четка за скара втријте тенок слој растително масло за јадење низ целата површина и оставете го производот да се исуши. Производот сега е подготвен за употреба.

 

Употреба 

За да ги добиете нелепливите карактеристики на леаното железо, потребно е да се готви на висока температура. Секогаш употребувајте дрвени прибор за работа со садот!

 

Чистење и одржување

По готвењето, оставете го производот да се излади 20-30 минути, пред да го измиете темелно во топла вода. Секогаш кога е можно, избегнувајте да користите средство-детергент за миење садови. Никогаш не го изложувајте производот на термички шок со ставање на загреаниот производ во ладна вода. Отстранете ги сите остатоци од храна пред да го измиете производот. Чистењето е потребно да се врши исклучиво со топла вода за да се одржи природната обвивка. Производот потоа треба целосно да се исуши пред да се одложи. Доколку е потребно потемелно чистење, се препорачува употреба на благо средство-детергент за миење садови и мек сунѓер/четка за миење садови. По чистењето со хартиена крпа или мека четка за скара втријте тенок слој растително масло за јадење низ целата површина и оставете го производот да се исуши.

 

Ако се појави ‘рѓосување за време на складирањето, направете го следново:

  • За’рѓаниот производ ставете го да се натопи/кисне во раствор од алкохолен (бел) оцет и вода (1:1). Уверете се дека целиот производ е потопен во растворот.

Оставете го производот да кисне најмногу 3 часа. Ако му се дозволи на производот да кисне подолго од наведениот период, киселината од оцетот ќе го оштети производот. Редовно проверувајте го производот за да видите дали ‘рѓата може да се отстрани со мека крпа за чистење/четка за миење садови.

  • Извадете го производот од растворот со оцет/вода (избегнувајте директен контакт со кожата) исплакнете го темелно под млаз вода и целосно исушете го производот;
  • За да се осигурате дека производот е 100% сув, се препорачува садот да се суши/пече во рерна на 150 ◦C, 5 минути;
  • По сушењето во рерната, можно е да се формирала ‘рѓа на производот. Ова е сосема нормално. ‘Рѓата може да се отстрани со користење на сув сунѓер/крпа за чистење. Црвената „прашина“ може да се избрише со малку навлажнета крпа;
  • Потоа се нанесува тенок слој растително масло за да се заштити производот од дополнително ‘рѓосување. (Природната обвивка претходно спомената се трга со самото натопување на садот во растворот од оцет и вода и затоа е потребно одново да се формира со ова нанесување на растително масло);

Новиот природен слој повторно се воспоставува со нанесување на тенок слој растително масло околу целата површина и дополнително загревање на производот во рерна на температура од 180-200 ◦C, 45 минути.

Потребно е производот да се стави наопаку во рерната за да се осигура дека вишокот масло за јадење може да истече – ставете тава за печење или плех под производот од леано железо за да вишокот масло капе во него.

Оставете го производот да се излади и повторете ја постапката. Се препорачува да се повтори постапката 3-4 пати за да се постигнат најдобри резултати.

Во иднина, процесот треба да се повторува онолку пати колку што е потребно, во зависност од тоа колку често се користи производот. Кога нелепливиот ефект е отсутен или кога производот изгледа „исушено“, повторувајте ја постапката редовно за да се одржи добро негувана состојба на производ кој е задоволство да се користи.

 

_________________________________________________________________________________

 

Производот е идеален за сервирање, како и за скара или печење во рерна. Гусениот сад е термички отпорен за користење во рерна, доколку има додаток уредот конслутирајте се со продавачите. Леаното железо ја задржува и дистрибуира топлината рамномерно и ефикасно. Не е погоден за послужување и подготовка на кисела храна (на пр. домати и овошје). Гусениот сад никогаш не го користете за долгорочно складирање храна. Не смее да се мие во машина за садови. Секогаш перете го рачно со топла вода и благо средстсво/детергент за миење садови, вклучително и пред првата употреба. Уверете се дека садот од лиеното железо е целосно сув пред да се одложи на кујнската сталажа, за да не се формира ‘рѓа.

 

ЗА ВИДЕО ИНСТРУКЦИИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА!