Политика за користење на ЛП за цели на директен маркетинг

Личните податоци кои се обработуваат од страна на www.kares.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при креирање на нарачка на веб страницата преку избирање на понудената можност – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на личните податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата unsubscribe (повлекување на согласност) во долниот дел на некој од пристигнатите мејлови или преку контактирање на Офицерот за заштита на лични податоци за барањето (контакт податоците се во сегментот „Политика за приватност“), без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје за потребите на спроведување директен маркетинг ја користи платформата MailChimp, трговска марка на Rocket Science Group. Собраните податоци се зачувани на серверите на платформата и се обезбедени од страна на компанијата Rocket Science Group.

Кошничка
Sign in

No account yet?