Кујна

Садови за јадење, материјали и квалитет

Садовите за храна и приборот се изработуваат од најразлични материјали од кои зависи нивниот квалитет, трајност, можности во поглед на дизајнот, безбедноста, а секако и цената. Некои од почестите материјали за садови и прибор за храна се традиционалната глина, керамичките материјали, порцеланот, премиум порцелан со прав од коски од животни, каменот и имитации на камен, пластика и стакло.

Сите овие видиви на материјали имаат свои карактеристики што можат да помогнат при изборот:

  • Премиум порцелан со прав од коски од животни
    Ова е вид на порцелан, кој е составен од коскена пепел, фелдшпат и каолин. Тоа дава издржлива, лесна и елегантна структура за секојдневно користење, поради фактот што е исклучително отпорна на механички стресови.
  • Глинени садови
    Глинените садови се одликуваат со цврстина, а нивната рустикалност ги прави атрактивни за употреба, особено за послужување. Како еден од најстарите индустриски материјали, тој внесува традиција во вашиот прибор за јадење.
    Но, секој материјал доаѓа со одредени ограничувања. Глината често може да содржи примеси од тешки метали и опасни контаминенти, затоа купувајте глинени садови исклучиво од проверени брендови и производители. Дополнително, избегнувајте да ги подложувате овие садови на неочекувани температурни промени за да го зголемите нивното времетраење и да избегнете напукнување.
  • Порцелан
    Порцеланот е материјал кој има непорозна површина и неверојатна издржливост како резултат на високите температури на топење. Порцеланските парчиња обично можат да се користат во машина за миење садови, микробранова печка и рерна, без да има оштетување при самиот процес.
  • Камен
    Приборот за јадење и чиниите од камен имаат специјална завршна глазура, која му дава мазен и совршен изглед на материјалот и непропустлив финиш, што го прави идеален за секојдневна употреба и елегантен за моменти поминати во добро друштво. Садовите од камен се потрајни од глинените, но сепак треба да се одржуваат правилно и да не се подложуваат на механички и температурни шокови.

 

Погледнете ја категоријата „За на маса“.