Упатство за купување

КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје со цел обезбедување на транспарентен начин на купување го објавува следното Упатство за купување:

Креирање на налог и/или влез во постоечки налог

За поедноставување на процесот на купување КАРЕС Груп овозможува купувањето да го направат и нерегистрирани корисници.

Регистрацијата на корисниците дава предност за истите да имаат увид во историјата на нарачки, да направат брза промена на личните податоци и да заштедат време за пополнување на налогот за купување при секоја следна порачка.

Процесот на регистрација е исклучително едноставен.

Регистрацијата се започнува со притискање на копчето „ПРИЈАВИ СЕ/РЕГИСТРИРАЈ СЕ“, сместено во горниот десен агол (десктоп), односно во „хамбургер“ менито во горниот десен агол, во делот „MENU“ и сегментот „МОЈА СМЕТКА“ (мобилен уред).

По направениот чекор се отора прозорец со можност да внесете Корисничко име или емаил и Лозинка во делот означен како „НАЈАВИ СЕ“ (за корисници кои имаат креирано сметка), односно можност да се избере „Create an account“ односно „РЕГИСТРАЦИЈА“ (за корисници кои немаат креирано корисничка сметка).

По внесувањето на соодветните, барани податоци и притискањето на „НАЈАВИ СЕ“ за веќе регистрираните корисници се овозможува влез во корисничкиот профил, кој располага со следните можности:

За корисниците без кориснички профил, по притискањето на „Create an account“ односно „РЕГИСТРАЦИЈА“ од корисникот се бара да ја впише својата емаил адреса и е дадена можност да стане член на листата за дигитален маркетинг. По внесувањето на бараниот податок се притиска „РЕГИСТРАЦИЈА“, при што тоа значи дека корисникот ги прочитал, разбрал и прифатил сите услови наведени во Политиката за приватност и сите документи поврзани со неа. По овој чекор на корисникот ќе му пристигне емаил со линк и автоматски генерирана лозинка.

Откако корисникот ќе пристапи кон корисничкиот профил со својот емаил и автоматски генерираната лозинка, според начинот наведен во погорниот дел од овој текст, се препорачува да изврши промена на лозинката со друга, силна лозинка составена од големи и мали букви, броеви и специјални знаци.

За заштитата на деталите за најава, од страна на корисникот, самиот презема одговорност да раководи со нив на соодветен начин и да не ги споделува со трети лица.

По првата најава, корисникот има можност да ги пополни сегментите „Адреси“ и „Детали за сметка“.

Избор на производи   

На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија, во горниот дел на страницата, односно во „хамбургер менито“ за мобилните уреди, е поставено поле за пребарување во кое може да се пребарува според назив или шифра на производ. Имајте предвид дека Главното мени е поделено на примарни, секундарни и терциерни категории.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, боја, вид на производ, тип, големина и цена. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата.

При преглед на производите може да се забележи дека производите кои не се на залиха се означени со ознаката „sold out“, наведена врз сликата, а дополнително по отворањето на одреден производ со клик врз сликата, се појавува и текстот „Нема на залиха“ во десната половина на екранот, за десктоп, односно веднаш под сликата за мобилни уреди.

Доколку производот е на залиха, кога ќе биде отворен со клик на сликата ја пишува цената и нивото на залиха, постои опис, како и се достапни повеќе слики.

Имајте предвид дека за производите кои содржат поголем број варијации (големина, боја, материјал, дезен…) пред да ја дознаете точната цена и залиха мора да ги изберете соодветните критериуми на страницата кај конкретниот производ.

Доколку производот е согласно Вашите барања може да го започнете купувањето преку избирање на бараната количина (веднаш до копчето „Додади во кошничка„) и притискање на копчето „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб-страницата се отвора страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Тука може да се отстрани производ или да се промени бројот на единици од даден производ избран за купување.

Нарачување на производи од кошничката

Кога корисникот е подготвен да изврши купување на избраните производи може да го одбере копчето „ПЛАТИ“ или „ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА“.

Од корисникот ќе биде побарано да внесе минимално потребни лични информации со цел процесирање на нарачката, односно тие полиња ќе бидат пополнети доколку се работи за регистриран корисник кој ги пополнил полињата „Адреси“ и „Детали за сметка“.

Собирањето и управувањето со податоци е согласно Законот за заштита на лични податоци, а повеќе за тоа може да прочитате во Политиката за приватност.

Напомена – трошокот за испорака е на товар на корисникот и изнесува 130 денари и се подмирува директно кај курирот од компанијата доставувач.

Плаќање

Плаќањето на производите може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка или со про-фактура, додека трошокот за достава се подмирува во готово.

Нарачките се процесираат и испраќаат истиот ден доколку се направени до 13:00 часот и постои техничка можност за тоа, односно следниот ден за нарачки направени по наведеното време. Нарачки направени во неработни денови се процесираат првиот работен ден по направената нарачка.

Достава

Рокот на испорака е до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 17:00 часот, а пред доставата е задолжително да добиете телефонски повик од курирот. Корисниците имаат право на едно одложување на доставата во договор со курирот.

Ве молиме сите неправилности поврзани со доставата пријавете ги на [email protected] со цел доаѓање до поквалитетна услуга.

Кошничка
Sign in

No account yet?