Рецепти

3 брзи рецепти за подготовка на вкусен и здрав сладолед

Сладоледот е омилениот тип на храна и освежување во летниот период и на децата и на повозрасните. Но, тој не мора и не треба секогаш да биде купен од маркетите. Ние имаме модли кои се 100% изработени од платинест силикон и се неканцерогени (BPA Free), при што во процесот на производство ги почитуваат сите европски здравствени стандарди и стандардите за квалитет. Понудата може да ја погледнете тука. Притоа, сладоледот и тоа како може да биде здрав и вкусен, само треба да ги знаете вистинските рецепти. Секогаш може да експериментирате и мешате вкусови, но ние сепак ќе ви помогнеме со 3 здрави рецепти за подготовка на сладолед:

Зелен детокс сладолед

ЗА 4 ОСОБИ
15 МИНУТИ + 4 ЧАСА ВО ЗАМРЗНУВАЧ

1. Со помош на блендер убаво измешајте ги следните состојки: 100 гр. киви, 100 гр. спанаќ, околу 50 гр. лимонов сок, 100 гр. диња, 100 гр. банана и околу 40 гр. кафеав шеќер (по желба).

2. Откако се добро измиксани, ставете ја смесата во секоја од четирите модли и затворете ги со заштитниот капак.

3. Ставете ги модлите во замрзнувачот околу 4 часа.

4. Остранете го капакот и уживајте!

Сладолед од црвено овошје и бадемово млеко

ЗА 4 ОСОБИ
20 МИНУТИ + 4 ЧАСА ВО ЗАМРЗНУВАЧ

1. Со помош на блендер убаво измешајте ги следните состојки: 200 гр. боровинки, 200 гр. малини и околу 20 гр. кафеав шеќер (по желба).

2. Откако ќе ги измешате состојките, истурете ја смесата во калапот така што ќе го наполните само до половина. Повторете го тоа и за останатите 3 модли.

3. Покриете ги модлите со својот капак и ставете ги во замрзнувач да стојат околу 2 часа.

4. Кога ќе бидете сигурни дека првата половина е замрзната, извадете ги и втората половина ја пополнувате со бадемово млеко.

5. Повторно ставете ги модлите во замрзнувач да отстојат дополнителни 2 часа.

6. Остранете го капакот и уживајте!

Сладолед од манго и грчки јогурт

ЗА 4 ОСОБИ
20 МИНУТИ + 4 ЧАСА ВО ЗАМРЗНУВАЧ

1. Со помош на блендер убаво измешајте ги следните состојки: 350 гр. грчки јогурт (или овошен јогурт по ваша желба) и околу 20 гр. кафеав шеќер (по желба).

2. Смесата која ќе ја добиете ја истурате во модлите, така што ќе прикријат отприлика ¾ од истите.

3. Земате 100 гр. манго и го сечкате на многу мали парчиња кои ги додавате рамномерно во преостанатиот празен дел од модлите.

4. Ставете ги модлите во замрзнувач и оставете ги да стојат околу 4 часа.

5. Остранете го капакот и уживајте!