Здрав Живот

8 придобивки од консумација на кафе, базирани на науката

Наједноставно кажано, кафето е веројатно најпопуларниот пијалок во светот. Благодарение на високите нивоа на антиоксиданси и корисни хранливи материи кои ги содржи, се чини дека претставува сосема здрав пијалок. Секако, треба да се одржува мера во консумацијата, впрочем, како и со секој друг тип на храна или пијалок. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно пијат кафе, имаат значително помал ризик од добивање на некои сериозни болести. Базирајќи се на научните истражувања, ги издвојуваме следни 8 придобивки од кафето:

1. Кафето го подобрува нивото на енергија и ја зголемува концентрацијата
Кафето им помага на луѓето да се чувствуваат помалку уморни, зголемувајќи го нивото на енергија. Тоа не е случајно. Имено, кафето го содржи стимулансот познат како кофеин, кој се апсорбира во крвотокот и на тој начин патува кон човековиот мозок. Во мозокот кофеинот го блокира инхибиторниот нервотрансмитер „аденозин“. Кога тоа ќе се случи, се зголемува количеството на други невротрансмитери како што е на пример допаминот, што доведува до зголемено опуштање на невроните. Тоа истовремено ја подобрува меморијата, расположението, внимателноста и општата ментална функција.

2. Кафето помага во согорување на маснотиите
Кофеинот е составен дел на речиси секој комерцијален додаток наменет за согорување на мастите. Тоа е една од ретките природни супстанции за кои е докажано дека навистина согоруваат маснотии. Студиите покажале дека кофеинот кој се содржи во кафето може да го зголеми согорувањето на маснотиите за околу 10% кај лицата кои се борат со голем вишок на килограми, односно за 29% кај здрави лица, со релативно нормална килажа.

3. Кафето драстично ги подобрува физичките перформанси
Кофеинот го стимулира вашиот нервен систем, со што го зголемува нивото на епинефрин (адреналин) во крвта. Тоа е хормон кој всушност го подготвува вашето тело за интензивен физички напор. Кофеинот ја разложува телесната маст, создавајќи слободни масни киселини кои ќе бидат достапни како „гориво“. Така, не е изненадувачки податокот дека кофеинот ги подобрува физичките перформанси за 11-12% во просек. Затоа, има смисла да се напиете шолја кафе околу половина час пред да започнете со тренинг.

4. Кафето го немалува ризикот од тип 2 дијабетесот
Тип 2 дијабетесот е главен здравствен проблем, кој моментално влијае на милиони луѓе ширум светот. Накратко, станува збор за зголемено ниво на шеќер во кртва кое е предизвикано од отпорност или намалена способност за лачење на инсулин. Студиите покажуваат дека луѓето кои консумираат кафе имаат 23-50% помал ризик од добивање на оваа болест.

5. Кафето го штити црниот дроб
Црниот дроб е орган во нашето тело кој е задолжен за стотици ултра важни функции. Неколку вообичаени болести  кои се јавуваат од разни оштетувања на црниот дроб се: хепатитис, замастувања, разни состојби кои доведуваат до цироза и слично. Интересен е податокот кој е внимателно истражуван, а се однесува на тоа дека кафето може да заштити од цироза. Имено, докажано е дека луѓето кои пијат 3-4 помали шолји кафе на ден, имаат до 80% помал ризик од вакво заболување.

6. Кафето помага во борбата против депресијата
Депресијата е сериозно ментално нарушување кое предизвикува значително намален квалитет на живот. Студијата која е направена од страна на Харвард во 2011 година вели дека жените кои пиеле околу 4 шолји кафе на ден имале 20% помал ризик да станат депресивни. Поновото истражување кое е спроведено на точно 208.424 луѓе, покажува дека оние коли консумирале околу 4 шолји кафе биле посреќни за 53% од останатите.

7. Кафето го намалува ризикот од одредени типови на карцином
За жал, карциономот е една од водечките причини за смрт во светот, ако не и број 1. Станува збор за неконтролиран раст на клетки во телото на човекот. Се чини дека кафето е заштитник од два типа на рак: на црниот дроб и на колоректалниот карцином. Науката покажува дека луѓето кои пијат кафе имаат 40% понизок ризик од добивање на рак на црниот дроб. Слично на тоа, направена е и студија во која се испитувале дури 489.706 луѓе, при што добиен е заклучок дека луѓето кои пиеле 4-5 шолји кафе дневно имале 15% понизок ризик за добивање на колоректален карцином.

8. Кафето не предизвикува срцеви заболувања и го намалува ризикот од мозочен удар
Често се тврди дека кофеинот е виновник за појавата на зголемен крвен притисок. Тоа е точно, но станува збор за мал ефект, од само 3-4 mm/Hg, кој пак се намалува доколку почнете редовно да пиете кафе. Сепак, доколку имате претходна историја со навистина висок крвен притисок, тогаш е добра идеја да ја намалите или избегнувате консумацијата. Науката не ја поддржува идејата дека кафето го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Напротив, постојат докази преку истражување спроведено на група на жени, кои покажуваат дека имаат значително намален ризик од такви заболувања, благодарение на консумациите на кафето. Исто така, студиите покажале дека пиењето на кафе го намалува ризикот од мозачен удар за 20%.

Доколку и вие сте љубител на кафето, ние ви предлагаме да ги погледнете некои од најновите производи наменети за мелење на кафе, ѓезве за индукциски рингли, апарати за варење на кафе, апарати за пенливо млеко и слично: