Нова технологија. Совршени глазури – Silikomart

THE ONE GLAZE - глазура без боја
Единствената прашкаста сјајна глазура, чија подготовка не бара никакви други состојки освен вода… не може да биде полесно до тоа! (невозможно е да не ви успее). Глазурата може да ја обоите со некоја од нашите прехрабени бои, дури и со растителните. The One Glaze ви гарантира транспарентен и сјајен резултат, кој може да издржи и негативни температури.
Предности:
- лесен и брзо за употреба
- нема потреба од додатни состојки, освен вода
- секогаш успешен резултат
- лесен за дозирање
Ставете 300 гр од The One Glaze и 240 гр вода
Измешајте со рачен блендер
Загревајте ја добро хомогенизираната смеса, до вриење, во времетраење од 3-4 минути (или пак 3-4 минути на 750 вати)
Измешајте со боја по желба
Оставете ја глазурата да се олади до 40°C и глазирајте ги вашите замрзнати десерти
LIQUID SUGAR PASTE - фондан
При користењето на класичен фондан за торти, многу е важно да се нанесе еднакво, да се избегнат несакани нерамнини и да не се работи премногу со него бидејќи станува леплив и нерамен. Со Liquid Sugar Paste ќе ги немате овие проблеми: веднаш спремен за употреба во форма на густ гел кој може да го обоите по ваша желба. Во неколку лесни чекори, возможно е перфектно да покриете било каква торта. Со остатокот од производот можете да направите фондан за моделирање или декорирање.
Предности:
лесен за употреба, без потреба од додатни алатки
побрз за употреба од традиционалниот фондан
не пука и не се кине
тортата може да се чува во фрижидер
Загрејте го фондандот се додека не премине во течна состојба
Додадете 15гр вода
Оладете го фонданот до 30°C
Истурете врз тортата, да стане целосно покриена
Почекајте 1 час за фонданот да се зацврсти