Рецепти

Вкусови од класиката: Пита со јаболка

Покрај огромниот избор на специјалитети кои се присутни на пазарот, новите, иновирани рецепти и ексклузивни намирници, некогаш сакаме едноставност преточена во традиционален рецепт, кој несомнено ќе не потсети на убавите мигови од детството. Затоа, овој пат ви препорачуваме да се потсетите на сензационалниот вкус на добро познатата „Пита од јаболка“.

 

Потребни состојки:

  • 6-8 јаболка
  • 6 лажици шеќер: 4 за карамелизирање + 2 за јаболката
  • 3 1/2 лажици путер
  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажици вода
  • 1 слој тесто (може и лиснато)

 

Подготовка:

1. Ставете 4 лажици шеќер, вода и лимонов сок во силиконскиот калап за пита. Потоа, ставете го во микробранова печка на 4 или 5 минути, додека не се добие затемнета карамела. Додадете путер во карамелата и мешајте.

2. Олупете ги јаболката и пресечете ги на четвртини, секако, вадејќи ги јадрата од внатрешноста.

3. Загрејте ја рерната на околу 200°C.

4. Сварете ги јаболката во тенџере, на средна температура, заедно со 2 лажици путер и 2 лажици шеќер, додека јаболката не добијат златна боја (вообичаено околу 10 минути). Наредете ги јаболката во калапот, така што ќе бидат добро наместени и нема да останат празнини. Покријте ги со тестото, а на горниот дел засечете го тестото 2-3 пати, со цел да овозможите да замине пареата.

5. Ставете ја модлата во рерна и печете на околу 170°C, за 25 минути (или додека не приметите дека тестото добило златна боја). Потоа извадете ја од рерната и почекајте 5 минути да се олади.

6. Прикачете ја чинијата на отворот од модлата и превртете ја наопаку. Послужете директно на маса и уживајте!