Возење велосипед: Авантура со предизвици
Голем дел од летната сезона е пред нас, што едноставно значи: Повеќе време за возење велосипед. Но возењето велосипед доаѓа со бројни предизвици, вклучително и дехидрација што може да доведе до вртоглавица и намалени перформанси. Но, овие сосојби може да се презентираат и како сончаница и посериозни последици по здравјето.
Затоа проследете ги следните 4 совети за побезбедно возење на вашата следна авантура:
1. Прилагодете се полека
Најголема грешка која велосипедистите ја прават е неприлагодувањето на топлото време. Наместо да го започнете возењето попладне, обидете се тоа да го направите наутро. Возењето велосипед започнете го на пониска температура и полека прилагодете го телото за попладневните предизвици. Доколку сепак не сте во можност да пристапите кон возењето на тој начин може да се обидете да го загреете телото со одредени кардио вежби или со едноставни јога вежби кои ќе ги направите во топла просторија или сауна.
2. Заштитете се целосно
Не заборавајте пред возење велосипед да нанесете крема за заштита од сонце на секој дел од телото кој е директно изложен. Ова не е само заштита од изгореници, туку и го забрзува метаболизмот до мера што може да доведе до гадење и главоболки.
3. Хидрирајте се правилно
Неколку дена пред возење велосипед внесувајте повеќе течности од вообичаено. Пред самото возење внесете течност збогатена со електролити и не заборавајте да внесувате 10-12 mL течност на килограм телесна маса на секој 1 час од возењето.
4. Бидете подготвени за непогоди
Кога тргнувате на подолго возење велосипед не заборавајте да понесете алат кој може да ви е неопходен при појава на дефект. Дефектите освен проблеми со велосипедот може да нанесат потреба да морате да ја ограничите брзината на вашето возење со што ќе се изложите на штетните влијанија на сочевите зраци подолго време.