Здрав Живот

Бенефиции од користење на алое вера

Алое вера или “растение на бессмртноста“ како што го нарекуваат Еѓипќаните, има голема примена како во секојдневниот живот и убавина, но и во медицината.

Алое вера е кактусно растение, кое расте во сува клима и може да се најде во предели како Африка и Индија, каде што се користи веќе долго време за медицински цели.

Ако се отвори
растението, тоа содржи секрет како транспарентен гел, кој може директно да се
нанесе на кожата или на раната.

Покрај
медицинските цели, алое верата наоѓа примена и во делот на нега на лице, кожа
(сува или исушена), нега на коса и скалп.

  1. Алое
    верата помага при третирање на изгореници од сонце. Делува како заштитен слој
    на кожата и помага да се врати влажноста, со што помага побрзо да се излечат
    изгорениците.
  2. Ја
    навлажува кожата и притоа е одлична за луѓе со мрсна или комбинирана кожа. За
    жените кои користат шминка на база на минерали, алое верата е совршена подлога
    за таквата шминка и не ја суши кожата. Додека за мажите, алое верата делува
    како третман после бричење и побрзо ги лечи малите ранички направени при
    бричење.
  3. Алое
    верата содржи два хормона: Auxin и Gibberellins. Овие два хормона помагаат при
    лекување на рани и има антиинфламаторни својства кои го намалуваат воспалението
    на кожата. Во повеќе медицини, алоето се користи за третирање на повеќе кожни
    болести како псоријаза, акни и егзема.
  4. Како
    што старееме, сите се грижиме за брчките и линиите кои се појавуваат на нашето
    лице, како и губењето на еластичноста на кожата. Алое верата содржи
    антиоксиданси, како бета каротин, витамин Ц и Е кои помагаат при зачувување на
    хидратантноста на кожата.
  5. Кожата
    е како едно еластично парче, кое со растење се шири. Но, ако растењето е пребрзо
    поради бременост или нагло слабеење и дебелеење, еластичноста на кожата може да
    се уништи. Поради тоа се создаваат стриите. Со често користење на алое верата,
    стриите се намалуваат и доаѓаат до степен на навидливост.
  6. Алое
    верата содржи повеќе од 75 хранливи материи, вклучувајќи витамини, минерали,
    ензими, шеќери, антрахинони и фенолни соединенија, лингин, аминокиселини и
    салицилна киселина.
  7. Огромна
    примена наоѓа и во пародонтолните болести и лекување на непцата од болести. Го
    намалува крварењето, воспалението и отокот на непцата.
  8. Покрај
    надворешните употреби, алое верата се користи и за внатрешна употреба и е од
    голема помош при варењето на храна. Некои луѓе сметаат дека е лаксатив, но
    други го опишуваат големиот ефект од нејзиниот квалитет (го нормализира
    системот и воспоставува регуларност).