Дизајн

Да ги запознаеме XD Design – креаторите на Bobby ранците

Маестралното дело на XD Design - Bobby ранец

Несомнено ранецот е една од најкорисните и најкористените работи на модерниот човек кој е во движење. Приликите за негова употреба се големи: од носење на лични предмети, одење на работа, пикник, планина, пазарување, спортување, па сѐ до моментот за негова употреба како моден детал. Пазарот моментално нуди илјадници верзии на ранци со разна намена, но ретко кога може да се дојде до ранец кој навистина вреди да се поседува.

Кога треба да се донесе одлука за “кој ранец вреди да се поседува“ треба да се разгледаат неколку параметри. Општите карактеристики, функционалноста, дизајнот и материјалите го одредуваат квалитетот на ранецот. Доколку нивниот сооднос е избалансиран тогаш може да се зборува за квалитетен ранец. А кога квалитетот на ранецот и неговата цена имаат идеален сооднос тогаш тој навистина вреди да се поседува.

За среќа, денес постојат брендови го создаваат соодносот помеѓу квалитетот и цената и  нудат квалитетно решение со пристапна цена. Во тие брендови ние ги вклучуваме XD Design. Во нивниот наратив стои дека сѐ што произведуваат е инспирирано од луѓето и нивните навики и сѐ е направено со цел на луѓето да им се олесни секојдневното движење од место до место.

Кои се XD Design?

XD Design е успешна холаднска приказна присутна во над 50 земји низ светот. Нивното патување започнува со создавање на дизајнерско студио во Шангај кое e под водство на амбициозни дизајнери од целиот свет. Првиот Bobby ранец го “лансираат“ во 2016 година преку crowdfunding платформата Kickstarter. Од самото појавување па сѐ до ден денес Bobby бележи огромен успех и позитивни критики . Нивното брзо растење на пазарот не ги оттргна од она на што тие беа посветени од самиот почеток – да создадат едноставен, безбеден и функционален производ со кој модерните номади ќе бидат подобро поврзани и подобро организирани без оглед на оддалеченоста, местото или причината за нивното движење. Исто така, во тоа нивно растење XD Design не го заборавија, денес можеби едно од најбитните прашања на човештвото, а тоа е грижата за околината. Како резултат на нивната желба за напредок, постојано подобрување, барањето нови решенија и совесноста ние денес ја имаме Bobby колекцијата која според сите параметри е дефинитивно број 1 на пазарот.

 

Што точно претставува Bobby колекцијата, кои се нејзините предности и зошто баш таа е зенитот на XD Design прочитајте во Маестралното дело на XD Design – Bobby ранец.

Ние ги препознавме квалитетите и предностите на Bobby ранците и ѝ се восхитуваме на целата идеологија која стои зад нив. Поради тоа тие се дел од нашиот постојан асортиман.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + seven =