Bobby Bizz ранецот (кој може да има својство и на мини куферче) овозможува да ги чувате вашите работи на сигурно и безбедно место за време на патувањата. Имено, патентите за отворање се целосно сокриени и заштитени, така што се елиминира шансата за негово отворање додека се движите. Изработен е од висококвалитетен полиестер, а на површината содржи и рефлектирачки линии кои овозможуваат забележување и безбедност за време на ноќта. Во натрешноста содржи доста прегради во кои, покрај се’ останато, може да чувате лаптоп до 15,6 инчи, таблет до 10 инчи и слично. Вградената метална рамка во внатрешноста ги чува работите уште побезбедно, при што формата лесно се менува од ранец, во облик на куфер. Содржи и ремен со метален додаток – код (шифра), кој ќе овозможи заклучување на ранецот за куферот или било кој фиксен објект. Странично (или долж прерамките) содржи скриени прегради за кредитна картичка, телефон, слушалки и слично. Отпорен е на вода, а содржи и интегриран USB приклучок за полнење на вашите уреди.
Погледнете го видето со цел да видите како изгледа овој револуционерен производ.
Димензии: 31.0 x 44.5 x 12.0
Reviews
There are no reviews yet.