Дизајн

Додатоци за бања

За да се комплетира изгледот на бањата од голема важност е изборот на додатоците. Додатоците можат да бидат изработени од различни материјали и во различни бои.

Доколку сакаме да биде разиграно и весело ќе употребиме бои со топли тонови, за смирена атмосфера секогаш се во игра пастелните бои. Доколку сакате да го следите најновиот тренд ви предлагаме да изберете додатоци со мат финиш. Материјалот може да биде метал, бакар, месинг или пластика. Погледнете ги овие садови кои можат да ја разубават вашата бања.

Какви додатоци ќе одбереме можат да го одредат и стилот на бањата, доколку бањата е опремена со едноставни елементи и во една боја како на следниот пример. На овој начин можеме почесто да внесуваме промени со помалку вложени средства.

Од бањата направете простор во кој ќе уживате. Додатоците избирајте ги внимателно бидејќи секој ден ви започнува во бањата.