Продуктивност

Најдобриот начин за остварување на годишните цели!

Секоја успешна година започнува со добро концепиран план на цели, остварувања, обврски и ретроспектива!

Имајте предвид дека пред да започнете со планирање на целите за новата година мора да извршите ретроспектива и соодветна анализа на целите од претходната. При анализата фокусирајте се на неуспешно реализираните цели и обидете се објективно да ги пронајдете причините за неуспехот, без притоа да барате изговори.

Зад секој успешен човек стојат бројни неуспеси кои се детално анализирани, уште повеќе обиди за повторен успех и по еден Legami дневник.

За да се доближите до исполнување на одредена цел мора истата да биде специфична (за да знаете што точно сакате да направите), мерлива (за да знаете дали сте ја оствариле), достижна (според вашите можности), да се однесува на нешто кое вам Ви е важно и да е временски ограничена (за да не дојде до одложување на активностите за нејзино остварување).

За поуспешна година можете да преземете неколку чекори:

1. Расчленување
Добро дефинираната цел расчленете ја на активности чие преземање би довело до исполнување на целта.

2. Ограничување
Бидете внимателни да си дадете доволно време за извршување на сите активности и да најдете начин за правилно распределување на ресурсите со кои располагате, но сепак поставете временски рок и максимални ресурси кои е исплатливо да ги искористите за исполнување на целта.

3. Процесирање
За исполнување и на најдобро концепираните цели е потребна работа, затоа не одложувајте ниту ден и започнете со работа уште денес, а доколку се најдете во кругот на прокрастинацијата, запрашајте се: „Дали оваа цел ми е навистина важна?“.

4. Протегнување
По исполнувањето на целта размислете дали со дополнителни активности кои нема да ви одземат многу време и енергија можете да направите нешто повеќе и подобро во контекст на сработеното.

5. Користење LEGAMI дневник
Овие дневници се внимателно дизајнирани за максимизирање на продуктивности и ќе Ви овозможат полесно организирање на вашите цели и планови.

Единствено на наведениот начин, добро дефинираните и временски ограничените цели ќе бидат навистина остварливи, а во случај на нивно не достигнување би биле полесни за анализа и ретроспектива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × two =