Здрав Живот

Негуваната кожа не значи само убавина, туку и здравје

Кожата е орган од неверојатно значење за животот на човекот, поради тоа што нѐ заштитува од надворешни физички влијанија, како и од инфекции при секој контакт со околината. Има неверојатна улога во одржувањето на постојана температура на телото, како и во нејзе се одвиваат значајни биохемиски процеси, како што е синтезата на витаминот D во случај кога кожата е во контакт со сончевите зраци.

Токму затоа негуваната кожа не е само симбол на убавина, туку и на здравје и грижа за себе си.

Постојат бројни начини на кој може да се постигне ефектот на негувана кожа, а вклучително и мноштво препарати на пазарот. Но, доколку сакате да го постигнете тоа на комплетно природен начин, тоа можете да го направите на следниот начин:

  1. Внимавајте на вашата исхрана
    Конзумирањето на храна богата со витамини и минерали, а особено богата со есенцијални масни киселини како лосос, маслинки, ореви, семки од тиква.
  2. Не го заборавајте одморот
    Прекумерниот замор и недоволното спиење ја оневозможува потребната зголемена циркулација во периферните делови на телото која се случува додека телото одмара. Токму затоа внимавајте на вашиот сон со цел да се разбудите со нов сјај, секој ден.
  3. Пијте доволно вода
    Хидратацијата на целото тело може значително да го подобри здравјето на вашата кожа и да овозможи побрза елиминација на токсините.
  4. Хидрирајте ја кожата длабински и директно
    Условите на живот наложуваат постојано прилагодување на температурните услови во просториите каде го поминуваме најголемиот дел од денот, односно во премногу загреани простории во зима и во ладни простории во лето. Иако овие навидум пријатни состојби изгледаат безопасно, уредите кои се користат за нивно постигнување влијаат на извлекување на влагата од воздухот, а соодветно на тоа и од нашата кожа.Надополнувањето на влажноста на кожата со цел истата да го добие посакуваниот сјај, да стане поеластична, а со тоа и поотпорна, сега може да се направи секаде и секогаш, додека сте во движење, во автомобил, додека го гледате омилениот филм, вежбате, па дури и додека сте на работа или на прослава.

ARIA е џебен ултразвучен дифузер кој ја користи моќта на одреден дијапазон фрекфенции за да постигне претворба на водените молекули во јони кои како микро-капки кои се полесни од воздухот можат да лебдат низ него се до најдлабоките слоеви на Вашата кожа и да постигнат инстант хидратација.

Она што ја издвојува ARIA од навлажнувачите на воздух со испарување е тоа што кај нив водата е во состојба на гас (пареа), додека кај ARIA водата останува во истата, течна агрегатна состојба и ја задржува можноста да пренесува активни компоненти со секоја капка, што е од исклучитална важност доколку со ARIA користите течност збогатена со екстракти од роза со фасцинантни козметички својства или од популарната лековита алое вера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 6 =