Дизајн

Reisenthel – германска иновација, посветеност, квалитет

Година 1971. Идејата на Питер Рејзентел за произведување на иновативни, функционални дизајни и убави секојдневни помагала го создава Reisenthel како бренд. Keep it easy е филозофијата која го води Питер Рајзентел повеќе од 40 години, поттикнувајќи и охрабрувајќи ги оние кои партиципираат во креирање на брендот постојано да создаваат едноставни, практични решенија.

Keep it easy всушност е принципот по кој функционира Reisenthel – се специјализира во една област и посветено работи на подобрување на квалитетот и поедноставување на производите. Иновативните дизајни се успешни, познати и признати ширум светот поради функционалната, практична употреба секој ден и поради нивната уникатна чиста форма. И затоа што се резултат на креативност и пасија.

Секој нов производ на Reisenthel е материјализација на идеите произлезени од спојот на практичната инвентивност и инстинктот за трендови. Предвидувањето е од суштинско значење за иновативноста на визионерските производи. Дизајнот на Катја Хорст го дефинира изгледот и разновидноста на стилот на Reisenthel. Катја создава иновации и работи со својот тим да развие убав, внимателно замислен производ со посебна посветеност за нови, функционални и привлечни детали.

Печатот за квалитет на оригиналниот бренд го отелотворува развојот на производите со страст и стручност. И непогрешлив изглед. Како доказ за сериозноста и посветеноста која е вложена во Reisenthel се најпрестижните светски награди – reddot design award, German Design Award, DesignPlus, interior inovation award и многу други. Тоа ги става на врвот на европски брендови во доменот на иновацијата, практичноста и дизајнот.

Својата најголема слава Reisenthel ја постигнува со Carrybag – производот кој постепено успева да создаде целосно нова категорија, станува класика и пример за сите останати брендови кои подоцна произведуваат негова реплика.

Дека нивната визија оди до крајности може да се погледне во Foldable Trolley – количка за шопинг. Големо уметничко дело во мал формат. Торба која во само 3 чекори станува количка во која со леснотија се носат сите производи.

Во својата програма Reisenthel не ги исклучува и децата. Нивната желба да произведуваат исто толку квалитетни производи како што се произведуваат за возрасната популација, ја создава Kids програмата.
Најпродаваната Allarounder M торба добива своја детска верзија во Allarounder M Kids. CoolerBag торбата за ладење добива своја мини верзија со Coolerbag Kids. Тoiletbag несесерите се претвораат во Тoiletbag kids детски несесери за организирање. Mini Maxi poncho – кабаниците со највпечатливите дизајни имаат своја верзија во Mini Maxi poncho Kids со уште поинтересни дизајни кои децата ги обожаваат.

Дека Reisenthel е компанија која е општествено одговорна и работи на зачувување на животната средина доказ се Re-shopper 1 торбите. За секоја торба Re-shopper 1 се искористени 11 пластични шишиња при изработката. Re-shopper 1 е модерна, со моќен функционален дизајн, пријателски настроена кон природбата и константна придружба во пазарувањата.

Тајната за успехот на Reisenthel е постојаното фокусирање на квалитетот на дизајнот и моќта на иновациите. Тоа е она што ги одржува. Поради тоа Reisenthel станаа дел од нашиот асортиман на производи