Ентериер, Кујна, Хигиена

Организација: Алатки за уредна кујна

Недостатокот на организација во вашата кујна е прв причинител за усложнување на секојдневните активности, намалена брзина при нивното одвивање и ваша фрустрација за прекумерното време поминато во кујна.
Најчесто нередот не е предизвикан од големите садови за готвење туку од сите мали кујнски алатки, прибор за јадење и готвење, капаци, неуредно чувани зачини и предмети кои одамна не ги користите, а сепак ги немате отстрането.

Овие предизвици иако навидум делуваат комплексно за решавање, сепак со вистинските алатки може да се дојде до брзо, лесно и стилизирано решение.

  1. Прибор за јадење

Приборот за јадење поради неговата различност во големината на одделните делови може да претставува вистински предизвик во сегментирањето доколку истото не се прави во организери кои овозможуваат комплетно одделување на приборот по големина и форма.

Со помош на Blox и Duo модуларните организери не само што ќе може да одделите се во посебен сегмент, туку и ќе можете да ја организирате целата широчина на фиоката без загуба на простор користејќи ја можноста за модуларност.

2. Капаци од прибор за готвење

Не е реткост во кујната да имаме капаци од садови за готвење низ кои го пребаруваме вистинскиот при секое подготвување на ручекот. Овој проблем често се обидуваме да го решиме со поставување на капаците врз самите садови за готвење, но тогаш се соочуваме со огромна зафатнина од само еден сад и неможност за искористување на вертикалниот простор.

Kares ви нуди не само едно туку две исклучително едноставни решенија – држач за капаци кој го искористува вертикалниот простор во вашите кујнски ормари и универзален силиконски капак адекватен за различни големини на садови.

3. Зачини

Зачините вообичаено ги купуваме во разни садови или пластични кеси кои по отворањето делуваат неуредно и тешко се складираат. Со садовите од Kares за складирање зачини ќе имате можност не само уредно да ги складирате, туку и да ги заштитите од контаминација и инсекти, да го продолжите рокот на траење и да бидете сигурни дека секогаш ги добивате најдобрите вкусови и ароми.