Рецепти

Избор на садови за готвење на индукција

Со промената на начинот на живот и зголемениот обем на обврски со кои луѓето се соочуваат, тие се стремат кон задржување на навиките на готвење домашна, здрава храна, но со можност за скусување на времето потребно за нејзино приготвување. А зголемената свест на луѓето за животната средина и искористеноста на ресурсите налагаат и обраќање на дополнително внимание кон начинот на кои активностите се спроведуваат.
Затоа, во вистинско време KARES и BergHoff ги претставуваат Leo Stone.

Leo Stone – грил тава (26 см)

Original price was: 2.490 ден.Current price is: 1.992 ден.

Leo Stone – тава (24 см)

Original price was: 1.890 ден.Current price is: 1.390 ден.

Leo Stone – тава (28 см)

Original price was: 2.449 ден.Current price is: 1.859 ден.

Зошто готвење со индукција?

Готвењето со индукција има повеќе предности над останатите уреди за готвење (електрични шпорети, шпорети со запалив гас, шпорети на друго течно или цврсто гориво):

  1. Безбедно – Најголем дел од индукциските рингли, доколку ги оставите вклучени, без притоа да поставите сад за готвење врз ринглата ќе се исклучат автоматски по подесеното време, а воедно индукциските рингли ќе овозможат загревање директно на садот за готвење и храната, без самите рингли да се загреваат.*
    *Под дејство на процесот на кондукција поради загревањето на садот за готвење кој е поставен на самата рингла се загрева местото каде бил поставен садот. Ракувајте со внимание.
  2. Штедливи – Индукциските рингли може да имаат енергетска потрошувачка помала за 10-70% од потрошувачката на стандардните електрични рингли или рингли на друг тип на гориво.
  3. Еколошки – Со заштедата на ресурси се влијае позитивно и на животната средина и се остава помал јаглероден белег во општеството.

Избор на соодветни садови за готвење на индукција

Кога правите избор на садови за готвење на индукција изберете Leo Stone – нова генерација на садови за готвење со најсовремена индукциска подлога кои ќе допринесат да готвите брзо, здраво и еколошки одговорно.

Овие индукциски подлоги се иновирани на начин каде целосната површина има директен контакт со индукциската плоча, за разлика од старата генерација на такви подлоги кои имаат вдлабнатини на основата.

Освен тоа, подлогата на садовите за готвење Leo Stone е дизајнирана со внимание и инженерска прецизност, за да се добие дебелината која ќе го создаде неверојатниот спој на брзина на спроводливост, издржливост и стил.

Затоа, кога правите избор на садови за готвење, изберете современа подлога, со целосна контактна површина и соодветна дебелина. Изберете Leo Stone.