Здрав Живот, Рецепти

Брзо и здраво: Идеи за ручек

Во време кога брзината на животот претставува стандард во секојдневието, подготвувањето на здрава, домашна храна може да изгледа како голема работа. Добивате илузија дека е полесно да се препуштите на едноличната, здодевна храна од супер-маркетот или локалната пекарница, но пред да го направите тоа размислете на хранливата вредност која ја добивате, вие и вашите блиски.

Размислете дали можете да подготвите брза, здрава храна, во која ќе уживаат сите генерации. И нека не ви претставува забуна користењето на „брза“ и „здрава“ во истата реченица, затоа што со алатките од KARES Group имате можност да подготвите храна со врвен квалитет за неверојатно кусо време.

Самостојно одлучете колку јаглехидрати внесувате, имајте контрола врз видовите на масти присутни во вашата храна и не правете компромис со квалитетот на вашиот следен ручек.

ПОНЕДЕЛНИК: Размислете за подготовка на зеленчук на пареа, кој може да го надополните со мали парчиња месо, а се заедно, потоа да го испржите само неколку минути во тава со парче растопен путер. На тој начин ќе се добие мека внатрешност и крцкава обвивка, комбинација на која никој нема да каже „не“.

 

ВТОРНИК: Доколку практичното работење е вашата силна страна, подгответе обемна салата со киноа и поширано јајце и ручекот е подготвен. Комбинацијата на свежа салата со зрната киноа ќе ви ја обезбеди потребната свежина, а воедно ќе ве одржи сити подолго време.

 

СРЕДА: Најмалите секогаш може да ги изненадите со бургер подготвен на скара во вашата кујна и тоа за помалку од 10 минути. Надополнете ги вкусовите со потпечено авокадо и домашно младо сирење и создадете рецепт кој ќе се памети.

 

ЧЕТВРТОК: Подгответе цела кокошка за само 20 минути во микробранова печка и добијте ручек со намалено количество на маснотии, а со задржани сите вкусови и ароматични компоненти.

 

ПЕТОК: Последниот ден од работната недела опуштете се чаша добро вино, фонду и омиленото друштво.