Дизајн, Ентериер, Мебел

Уредување со стил: Совети за минимализам

Кога сакате да постигнете минималистичко уредување на вашиот дом и да го практикувате пристапот „помалку е повеќе“, пред се мора да сте подготвени тоа психички да го прифатите. Мора да разберете дека минимализмот е многу повеќе од тоа да имате малку работи во вашиот дом, напротив тоа е животен стил кој се темели на рационалност и ослободување на просторот.

Минималистичкиот дом треба да е синоним за место каде сте опкружени само со оние работи кои ги сакате, ви значат и ултимативно ви го олеснуваат секојдневието, затоа, сосем погрешно е мислењето дека преминувањето кон минимализмот е едноставна задача.

Во продолжение е збир на неколку совети што се однесуваат на преминувањето кон минимализмот.

1. Запрашајте се „зошто“, „дали“ и „кога“

Овие три прашања се клучни со цел да ја разберете вашата потреба за преминувањето кон ваквиот стил на живот. Дали навистина сте подготвени да преземете таков чекор или тоа би била само краткотрајна авантура? Кога сакате да започнете со процесот, дали имате доволно време и ресурси за тоа да го изведете? Бидете искрени кон себе си и поставете си граници кои соодветствуваат на вашите потреби и желби.

2. Започнете со ослободување од непотребните работи

Често чуваме работи со надеж дека некогаш ќе бидат потребни и искористени, но за жал, тоа никогаш не е така.
Затоа, ослободете се од се што не го користите или неговото присуство не ви предизвикува некое огромно задоволство. Имајте на ум дека „ослободувањето“ од нешто кое вам не ви е од значење не подразбира предметот да се одложи на отпад, туку може да се донира или подари на некој на кој му е навистина потребно.

3. Започнете со кујната

Не е реткост да се чуе од експертите за внатрешно уредување и минимализам дека кујната е најголемиот противник на овој стил на живот. Имате голем број на садови за готвење и послужување, неискористени сервиси од неквалитетен порцелан и керамика, измешани капаци за тенџериња и тави и што уште не? Издвоите ги само работите кои навистина ги користите секојдневно, ослободнете се од се останато и појдете на испланирано пазарење.

Купете квалитетни садови за готвење и послужување. Фокусирајте се на функционалноста, заштедата на време и материјалот од кои се изработени и веднаш почувствувајте ја промената која сте ја планирале.

Laola – сечило за зеленчук

Original price was: 2.590 ден.Current price is: 2.367 ден.

Leo Stone – тава (28 см)

Original price was: 2.449 ден.Current price is: 1.859 ден.

Не заборавајте и на организацијата на потрошните материјали кои секојдневно ги употребуваме.

4. Внесете „акцент“ парчиња во домот

Заборавете на бројните, мали сувенири кои се место за акумулирање на прашина и одлучете се за мал број на декоративни предмети кои поради својата гламурозност ќе бидат причина за започнување на разговор. Дополнително, внесете огледала во домот. Огледалата во органски форми изгледаат дискретно, даваат илузија за поголем простор, а воедно и се достапни за да ја искористите нивната функционалност.

5. Внимавајте на осветлувањето

Кога се тргнува по патот на минималистичкото уредување мора да се разбере дека доброто осветлување, особено со природна свелина која е „омекната“ со помош на светли завеси ќе му даде дополнителна убавина на просторот, ќе покаже дека „дише“ и ќе даде чувство на чистота.

6. Уредете ја бањата во скандинавски или јапонски стил

Најлесниот начин да ја уредите вашата бања според концептот на „помалку е повеќе“ е да се фокусирате на јапонскиот или скандинавскиот минималистички начин на уредување. Користете пастелни бои, за да дадете „дух“ на просторот, не ги заборавајте мултифункционалните садови за складирање и додадете текстура со квалитетни крпи за бања.