Здрав Живот

Лето и топло време: Грижа за себе

Сите го сакаат, носи забава и дружба, но летото е период кога мора да си овозможите соодветна грижа за своето тело, како од аспект на заштита од сончевите зраци, така и од аспект на правилна хидратација и одржување на соодветна температура на површината на кожата.

Иако звучи како ова годишно време да наметнува навистина голем број на задолженија, сепак преку следење на следните совети ќе бидете секогаш во чекор со вашите потреби и ќе си овозможите пријатно, безбедно и долго лето:

1. Грижете се за својата кожа
Својата утринска рутина започнете ја со миење на вашето лице и нанесување на лосион со заштита од сончеви зраци и внимавајте, затоа што едно нанесување не е доволно за да ве заштити во текот на целиот ден.
Обратете внимание на заштитниот фактор и декларацијата од производителот на лосионот кој го користите.

2. Бидете хидрирани
Не заборавајте да внесувате доволно течности, особено вода и природни овошни сокови без шеќер, кои ќе ве освежат без да внесувате празни калории.
При конзумирањето на пијалоци, внимавајте на нивната температура. Конзумирањето на пијалоци со идентична температура како надворешната нема да допринесе за ваше освежување, додека конзумирањето на пијалоци со многу пониска температура може да претставува вистински шок за организмот.
Користете садови кој ќе ја одржат температурата која ви е потребна, подолго време.

3. Конзумирајте многу овошје и храна со голем процент на вода
Конзумирањето на овошје, како лубеница, може значително да допринесе во регулирање на количеството вода кое на организмот му е потребно, но и овошјата кои имаат помало количество на вода во својот состав може да претставуваат одличен извор на потребни нутриенти за телото. Витамините, минералите и микро-елементите ќе помогнат да се намали можноста од настинки кои секако се присутни и во летниот период.

4. Користете уреди за разладување
Користењето на уреди за разладување претставува вистинска потреба со постојаното покачување на надворешните температури. Но, внимавајте вашиот уред за разладување да не се разликува за повеќе од 10 степени целзјусови во однос на надворешност, поради внесување дисбаланс во организмот откако ќе излезете надвор.