Здрав Живот

Здрава замена: пржена и варена храна

Не е реткост пржената, мрсна и нездрава храна да не примами, a набргу потоа да се најдеме во состојба на нелагодност во стомакот и подуеност. Прекумерното конзумирање на пржена храна, освен моментални, може да предизвика и долгорочни здравствени последици.

Токму затоа треба да се запрашаме: „Како може да ја подобриме секојдневната исхрана и нашето здравје?“. – Одговорот е едноставен: храната не мора да ја менуваме, напротив, треба да го смениме начинот на подготвување на храната.

1. Пржената храна најчесто е богата со трансмасти
Во многу примери е докажано дека со прекумерно пржење на храната се губат најважните витамини и нутриенти од неа. Имено, пржената храна најчесто е богата и со трансмасти кои се создаваат во процесот на загревање на незаситените масни киселини од течните масла. Односно, за готвење во кое ќе бидат задржани нутритивните компоненти, гответе пократки периоди, на пониски температури и со минимално количество на вода.

2. Пржената храна го зголемува дијабетот
Многубројни истражувања ги докажале последиците од преголемото конзумирање на пржена храна. Од дијабетес, па се до разни кардио-васкуларни заболувања и тоа како резултат на лош начин на исхрана.

Токму затоа, садот Bloom за подготовка на зеленчук на пареа ќе ви помогне да готвите во согласност со најздравиот и највкусниот начин на готвење. Поседува само-прилагодувачки странични ѕидови и е прилагодлив за сите типови на тенџериња. Со овој сад не само што се задржуваат хранливите материи од храната туку и антиоксидансите.

Откако ќе го подготвите зеленчукот на пареа, со користење на мало количество маслиново масло ќе завршите со прекрасно подготвен зеленчук кој што ќе може да го украсите со зачини по ваши избор.